Достапни линкови

Вести

Амбасадори на 7 земји ја критикуваат иницијативата за лустрација на Зеленски

Украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Амбасадори на група од 7 земји во Укриана изразија претпазливост за предлогот на украинскиот претседател Володомир Зеленски да ги лустрира украинските официјални претставници кои кои беа во владата по постестите на Мајдан во 2014 година.

Во изјавата објавена денеска на Твитер, амбасадорите велат дека „изборните промени и политичката ротација се норма во демократиите. Не се недискриминирачките забрани за сите учесници во извршната и законодавната власт“, вела тие.

Тие додаваат: „ситуацијата во Украина денес, според нашето убедување, не е споредлива со онаа по револуцијата на достоинството.“

Револуцијата на достоинството се однесува на бунтот од 2014 година кој го собори од власт про-рускиот претсеедател Виктор Јанукович.

На 11 јули Зеленски предложи проширување на Законот за лустрација да ги вклучи сите кои имале владина функција помеѓу 21 февруари 2014 година и 19 мај 2019 година. Сегашниот закон има за цел да ги спречи, сите оние кои вршеле функција под Јанукович, да продолжат да го прават тоа.

види ги сите денешни вести

Заев: Не сме далеку од договор со Софија

Зоран Заев

„Не сме далеку од договор“, изјави денеска премиерот Зоран Заев и додаде дека Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања коишто постојат со Софија. Тој додаде само била потребна добра волја и позитивно да се гледа на работите. Заев истакна дека не се дискутирало за отстапки туку за решенија за двете страни.


„Постојат начини како тоа да се реши. Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија, секако внимавајќи едни на другите како страни во договорите – ние на бугарската страна, а бугарската страна да внимава на нас. Тоа го прават пријателите и верувам дека покажеме уште еднаш дека сме големи пријатели, изјави Заев.


Во однос на реакциите на бизнис секторот, оти на сметка на политиката трпи релацијата на македонско-бугарските бизнис односи, Заев посочи дека деловните врски меѓу двете земји се извонредни.

Починати 35 и новозаразени 387 од коронавирусот

Во изминативе 24 часа регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 и 35 починати лица од заразени од коронавирусот. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, од кои најголем дел од евидентирани на новозаразените се од Скопје-174, потоа во Гостивар 56 и Тетово-26. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти.

Починати се 35 лица, од кои десет пациенти од Скопје, Најмладиот починат пациент имал 43 години додека најстариот 88 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55 127, бројката на оздравени пациенти е 32 894, на починати е 15 46, а бројот на активни случаи изнесува 20 687.

Ѓоргиев: Бугарските барања се неприфатливи за Македонија

Македонско - бугарска комисија за историја

Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност. Покрај тоа, тоа предизвикува радикалите да се обидат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, што ќе влијае на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, во ваква атмосфера ќе биде многу потешко да се разговара, изјави копретседавачот на македонскиот тим во Заедничката историска комисија професор Драги Ѓоргиев за бугарската телевизија „Европа“. Тој во интервјуто посочил дека политичката ситуација по бугарското вето ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, смета дека таа треба да продолжи да работи. „Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори“, изјави Ѓоргиев. Следниот состанок на заеднилката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.

Бугарското МНР за РСЕ кажа што точно бара Софија

„Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата“, додаде Ѓоргиев.

Заев: Бугарското вето е голема неправда и најголем пораз на ЕУ

Ѓоргиев изјавил дека личноста на Гоце Делчев ќе продолжи да предизвикува полемики меѓу историчарите од обете страни, но вели дека Делчев покрај влијанието на неговиот светоглед од бугарскиот образовен контекст во кој се развива и идеите на бугарските револуционери, има и силен македонски политички идентитет.
„Тој е роден во Македонија, се бори за Македонија. Има силен македонски политички идентитет и сето тоа не може да го запоставиме. Затоа сметам дека во овој момент треба да бидеме флексибилни и умни, да го оставиме на страна прашањето чиј е Гоце Делчев. Тој е силно вграден во меморијата и на бугарскиот и на македонскиот народ. Според тоа, можеме да го сметаме за херој кој може заеднички да го славиме и тука треба да најдеме решение, а дискусиите ќе продолжат понатаму,“ вели Ѓоргиев нагласувајќи дека не е работа на комисијата да донесе одлука за неговиот идентитет.

Саркози седна на обвинителна клупа

Започна судењето на поранешниот француски претседател Никола Саркози. Тој е обвинет за корупција и влијаење врз продажба. Саркози беше претседател на Франција во период од 2007 до 2012 година. Тој е обвинет за поткуп на судија во замена за информации за истрагите кои во тој период се водеа против неговата партија и начинот на кој се финансирала. 65-годишниот десничар ги негираше таквите обвинувања.

Неговиот случај е поврзан со долгогодишната истрага за сомнеж за користење на тајна донација за финансирање на неговата претседателска кампања на изборите во 2007 година. Обвинителите тврдат дека Саркози и неговиот адвокат во 2014 година се обиделе да поткупат судија нудејќи му престижно работно место во Монако, а за возврат да им достави информации во врска со истрагата. Покрај него на обвинителна клупа се и 65 годишен адвокат Тиери Херзог и 73 годишниот судија Гилберт Азиберт. И тие ги демантираа обвинувањата.

Опозицијата поднесе 528 амандмани на буџетот за 2021 година

Илустрација - Собрание на Република Северна Македонија

Пратеничките групи доставиле 528 амандмани за Буџетот за 2021 година, за кого утре почнува комисиската расправа почнува утре и ќе трае во следните десет дена. Најголем дел од амандманите, односно 390, како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ, се поднесени од нивните пратеници, а останатите над стотина се од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Буџетот за 2021 година е дел од стратегијата на Владата за економско заздравување и забрзан раст во периодот од 2021 до 2025 година. Во иницијалната фаза од планот треба да обезбеди економско заздравување од последиците од пандемијата со Ковид-19, а веќе во следните три години забрзан и одржлив економски развој.

Предлог-буџетот за 2021 година е проектиран на 247,5 милијарди денари или околу 4 милијарди евра. Се очекува значително зголемување на
приходите за околу 8,3 отсто со што буџетскиот дефицит, од 8,5 проценти, колку што ќе биде годинава, ќе падне на 4,9 проценти од БДП. Во Предлог-буџетот за следната година проектирани се и средства во висина од 50 милиони евра за евентуални идни мерки за справување со Ковид-кризата со кои ќе го поддржи стопанството и граѓаните.

Без големо подобрување во аерозагадувањето на Балканот, оцени ЕК

Илустрација - Скопје во магла, 12 ноември 2020

Европската комисија (ЕК) денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна, јави МИА од Брисел.

Здравјето на жителите на Северна Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, покажуваат последните бројки на извештајот на Европската агенција за животна средина за 2018 година, што резултира во висока стапка на прерана смрт, пред сѐ поради високата концентрација на ПМ2,5 честички во воздухот, се наведѕува во извештајот. Ако највисоката стапка во апсолутни бројки е во Германија, Италија, Полска и Франција поради обемното население, во релативни бројки, ефектот е најнегативен на Балканот.

„Кога се гледаат изгубените животни години во релативна смисла, најсилен импакт има во централна и источна Европа каде се измерени највисоките концентрации на ПМ2,5 честички, односно Косово, Србија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија“, се нагласува извештајот.

Д-р Бибер: Трите проблематични аспекти на бугарската позиција

Флоријан Бибер

Блокадата на Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија го киднапира процесот на проширување на ЕУ, го загрозува кредибилитетот на Унијата и ги обесхрабрува другите земји кандидати, оценува политичкиот аналитичар и експерт за Балканот, професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

„Потпишувањето декларации со кои аспирантите и земјите членки ќе се обврзат да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања треба да биде стандард. Сепак, додава, проблемот е повеќе во тоа што нема доволно земји во ЕУ кои се ентузијасти за проширувањето, кои се подготвени да притиснат и да извршат притисок врз своите колеги-членки за да се отстранат ваквите блокади“, вели д-р Бибер во рзговор за МИА.

На прашањето „за позицијата на Софија која ја условува европската интеграција на нашата земја со прифаќање на бугарските корени на идентитетот и јазикот – непринципиелни барања што го нарушуваат правото на земјата за самоопределување“, Бибер оценува дека таа е проблематична од три аспекти.

„Бугарската позиција е проблематична од три аспекти. Прво, таа поставува барања од Македонија, кои не треба да бидат предмет на политички одлуки и притисок меѓу земјите. Без оглед како да се толкува историјата, ова треба да биде работа на историчарите, инаку за историјата дискутираат аматери. Исто така, ја става историјата во служба на одредена нација. Второ, наметнување на национална историја на друг е малтретирање и исто така не е во согласност со добрососедските односи. Трето, ваквите прашања не треба да застанат на патот на пристапувањето во ЕУ бидејќи не се однесуваат на подготвеноста на Унијата за Северна Македонија. Со тоа се киднапира пристапот кон ЕУ. Земјите од Западен Балкан потпишаа двапати декларации со кои се обврзаа да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања. Додека Бугарија нема потпишано, ова треба да биде стандард“, вели Бибер.

За 24 часа во скопските ковид центри примени нови 19 пациенти

Илустрација - Инфективна клиника, Скопје

Во последните 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 8 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, еден болен е хоспитализран на Клиниката за дерматовенерологија, а двајца на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени четворица во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти. Според Министерството за здравство, вупно 470 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Стопанска комора: Има субвенции, но има и квази земјоделци

Стопанска комора на Македонија

Потрошените речиси една милијарда евра земјоделски субвенции во изминатите години, не дадода резултат и дека многу од парите се даваат на квази-земјоделци. Нестабилно е производството на пченица, приносот е под четири тони на хектар, сортите за семе се лоши, а технологијата застарена, сточниот фонд пак, се намалува, увозот е зголемен, од традиционален производител на млеко, земјава денес е голем увозник, истакнаа од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

„Од 20 милиони евра поддршка во 2006 година до скоро 200 милиони денес, потрошени се речиси една милијарда евра за земјоделството, но резултатите се поразителни. Начинот на субвенционирање мора да се смени за конечено да се разграничат вистинските земјоделци, професионалците, од оние кои добиваат поддршка, но не прават ништо за развој на производството. Мора еднаш да се направи пресек за некои работи, што можеби е болно, но само така за кратко време фармерите ќе се преструктуираат и ќе тргнеме во вистина насока ако сакаме да движиме кон ЕУ. Доста беше веќе традиционално производство, треба да се поддржат бизнис ориентираните, професионални производители", изјави Васко Ристовски од Комората.

Според него време е, од традиционално, да преминеме на професионално земјоделство, да се исфилтрираат вистинските од квази земјоделците.

Онлајн работата на Парламентот пак на дневен ред в четврток

Илустрација - Седница на Собранието на Република Северна Македонија

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по сратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела, е ставен на дневен ред на седницата закажана за в четврток, 26 ноември.

За да се донесе Предлогот, на мнозинството му требаат 61 пратеник што во моментов ги нема поради отсуството на неколкумина пратеници од здравствени причини, дел поради Ковид-19.

Опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива се противат на какво било онлајн работење на Собранието, со образложение дека „на таков начин владејачкото мнозинство сака да го прикрие тенкото мнозинство од само 62 пратеници и оти со тоа ќе се прекрши член од Уставот“.

УНИЦЕФ: 2 милијарди вакцини против Ковид -19 за земјите во развој

Илустрација

Агенцијата за деца на ООН денеска соопшти дека планира да испорача 2 милијарди вакцини против Ковид-19 и една милијарда шприцеви следната година во „мамутска операција“ која опфаќа 92 земји во развој. УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач на вакцини во светот, вообичаено набавува повеќе од 2 милијарди дози вакцини годишно за рутинска имунизација.

„Оваа невидена експертиза вклучува координација на илјадници пратки со различни побарувања за ладен ланец, што го прави УНИЦЕФ експерт за управување со синџирот на снабдување на производи контролирани од температурата, што е особено потребно за време на овој историски потфат“, објави УНИЦЕФ.

За да се подготви за логистичките предизвици при доставување на вакцини против Ковид-19, УНИЦЕФ соопшти дека работи со стотици воздушни, товарни, шпедитерски и глобални партнери за логистика за она што се очекува да биде „најголемата и најбрзата ваква операција досега“.

По еден месец лекување од Ковид-19, министерот Спасовски на работа

Оливер Спасовски

Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Благодарност до лекарите за посветеноста во која се уверив на Инфективна клиника..., објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кај кого пред речиси еден месец беше констатиран Ковид-19, а поради влошената состојба беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Битката е заедничка - чувајте се, носете маска, заедно ќе го победиме Ковид-19“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Според статистиката на Министерството за здравство, која беше објавена синоќа за претходните 24 часа, биле направени 2553 тестирања, а регистрирани биле 1112 нови случаи на ковид-19.

Во Македонија за 24 часа поднесени 541 пријава за неносење маска

Илустрација - Скопје, ноември 2020

Од Министерството за внатрешн работи денеска соопштија дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 541 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Трамп на самитот Г20 го бранеше ставот за повлекување на САД од климатскиот договор

Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја бранеше својата одлука за повлекување на Соединетите држави од меѓународниот договор за климатски промени, велејќи дека тој е „нефер и пристрасно“. САД на почетокот на ноември официјално се повлекоа од договорот за климатски промени постигнат во Париз на крајот на 2015 година. „Ги извлеков Соединетите држави од нефер и пристрасен договор што е многу нефер за САД“, изјави Трамп на виртуелниот самит на Групата 20 најразвиени земји во светот и земјите во развој. Темите на самитот организиран од Саудиска Арабија, меѓу другото, беа животната средина и пандемијата на коронавирусот.

САД и официјално го напуштаат Парискиот договор за климата

„Парискиот договор не беше постигнат за да се спаси животната средина, туку да се уништи американската економија“, рече Трамп, додавајќи дека одбива да се откаже од неколку милиони работни места во САД. Избраниот претседател Џо Бајден вети дека Соединетите држави ќе се вратат на договорот на првиот ден од неговата инаугурација во јануари 2021 година. Таа изјава беше поздравена од многу европски лидери.

Нови мерки во Британија по 2 декември

Лондон

Построг систем на локални ограничувања на три нивоа ќе стапи на сила во Англија по завршувањето на мерките што се во сила до 2 декември, објави Кабинетот на премиерот. Премиерот Борис Џонсон се очекува да го претстави својот план пред пратениците денеска - вклучувајќи детали за семејните прослави и посетите за Божиќ. Предвидено е да бидат воведени построги мерки во повеќе области со цел да се одржи вирусот под контрола, а некои мерки ќе бидат засилени со цел да се зачува постигнатиот напредок, е објавено од Даунинг стрит.

Карантинот ја зауздува пандемијата во Европа, САД во расчекор

Промените во ограничувањата сè уште не се јасни, но познато е дека затворањето на пабовите и рестораните во 22 часот ќе биде продолжено. Од Џонсон се очекува да каже дека луѓето, иако можеби ги имаат последните нарачки во 22 часот, ќе добијат дополнителен час за да ја завршат вечерата и да се напијат нешто. Целосните детали за таканаречениот „зимски план“ се очекуваат денеска. Портпарол на премиерот рече дека напорите за време на сегашните национални ограничувања помогнаа да се стави под контрола ширењето на вирусот и да се намалат притисоците врз здравјето.

Двајца мртви во напад со нож во црква во Сан Хозе, Калифорнија

илустрација

Две лица загинаа, а неколкумина се тешко повредени во напад со нож синоќа во црква во Калифорнија, објави полицијата во американскиот град Сан Хозе. Нападот се случил во Баптистичката црква во центарот на Сан Хозе.
Градоначалникот на Сан Хозе, Сем Ликардо најпрвин во поракана Твитер напиша дека осомничениот е уапсен, но подоцна ја избриша таа порака на Твитер и изјави дека полицијата подоцна ќе објави до каде е истрагата за инцидентот.

Напаѓачот во Ница, 21-годишен туниски мигрант

Според полицијата, во моментот на нападот со нож, во црквата не се одржувала никаква служба, туку во неа имало бездомници за да се засолнат од студот.

Блинкен најверојатно нов државен секретар на САД

Ентони Блинкен

Џо Бајден ќе го избере дипломатот Ентони Блинкен за државен секретар на САД, изјави лице блиско до тимот на избраниот претседател, додавајќи дека најавата е веројатно во вторник. Блинкен е долгогодишен човек од доверба на Бајден, кој служеше како број 2 во Стејт департментот и како заменик советник за национална безбедност во администрацијата на претседателот Барак Обама, во која Бајден беше потпретседател. Преодниот тим на Бајден одби да даде коментар и Блинкен не одговори на барањето за коментар.

Фон дер Лајен – Се надевам дека ангажманот на САД со новиот претседател ќе се промени

58-годишниот Блинкен долго време го изнесува ставот дека САД треба да преземат активна лидерска улога во светот и да соработуваат со сојузниците. Луѓето запознаени со неговиот стил на управување го опишуваат Блинкен како „дипломатски дипломат“, добро упатен во надворешната политика. Откако кандидатот за претседател на Демократската партија, Хилари Клинтон ги загуби изборите во 2016 година од претседателот Доналд Трамп, Блинкен стана еден од основачите на „Советниците на Вест Ексекс“, консултантска компанија во Вашингтон, која ги советува корпорациите за геополитички ризици.

Грчката армија поставува шатори пред болниците за ковид-19 во Солун

илустрација

Грчката армија започна со поставување шатори пред воената болница во Солун, градот кој е најмногу погоден во таа земја во вториот бран на епидемијата на коронавирусот. Во шаторите ќе може да се сместат околу 50 болнички кревети, објави Генералштабот на грчката армија. Покрај тоа, две приватни клиники примаат пациенти заразени со коронавирусот во Солун, град со околу милион жители. Грчката опозиција ги обвини властите дека не го зголемиле доволно бројот на болнички персонал во последните месеци и дека не презеле мерки против епидемијата на коронавирус во преполниот јавен превоз.

Мицотакис – Враќање во нормала кога ќе се намали притисокот врз здравството

Премиерот Кирјакос Мицотакис призна дека го потценил опсегот на вториот бран на епидемијата на коронавирус, особено во Солун, каде што претходно требаше да бидат преземени соодветни мерки. Бројот на заразени и мртви од почетокот на ноември започна да расте во Грција, каде што карантинот е во сила од 7 ноември. Во таа земја, од почетокот на епидемијата, починале 1.630 лица, а 91,61 биле заразени

Г20 вети еднаков пристап до вакцината за коронавирус

Проекција на „Семејна фотографија“ за годишниот Самит на лидерите на Г-20 на палатата Салва во Ат-Турајф, едно од местата на Светско наследство на УНЕСКО во Саудиска Арабија, 20 ноември 2020 година.

Лидерите на Групата 20 најразвиени земји во светот и земјите во развој на вчерашниот виртуелен самит ветија дека ќе сторат сè за да обезбедат „еднаков“ пристап до вакцината за коронавирус. „Нема да се откажеме од нашите напори да им обезбедиме на сите еднаков пристап (вакцини, тестови и терапија)“, стои во завршната декларација на дводневниот виртуелен самит организиран од Саудиска Арабија. Лидерите на Г20 изјавија дека „целосно ги поддржуваат“ механизмите воспоставени од Светската здравствена организација во борбата против епидемијата на коронавирус, што значи дека вакцината нема да биде достапна само за најбогатите земји.

ОН: Богатите да им помогнат на сиромашните земји во борбата со Ковид-19

Во завршната декларација, Г20 вети дека ќе ја спроведе претходно донесената иницијатива за одложување на отплатата на долгот на сиромашните земји. Лидерите рекоа дека трговијата е „поважна од кога било за поддршка на мултилатерален систем за трговија“ и за обезбедување „еднакви услови за игра“. Во Г20 најразвиени земји во светот и земјите во развој се 19 земји и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија и САД.

Илјадници Белоруси демонстрираа против Лукашенко, неколку стотици се уапсени

Минск, 22.11.2020.

Илјадници Белоруси организираа нови демонстрации против Александар Лукашенко, барајќи негова оставка. Групата за заштита на човековите права Вјасна соопшти дека полицијата уапсила повеќе стотици демонстранти и дека тие претепале многу други учесници на протестот. Демонстрантите првично вчера се собраа во различни делови на Минск за да ја отежнат работата на полицијата, но се соочија со репресија кога се обидоа да се обединат во центарот на главниот град. Полицијата употреби шок бомби за да ги растера демонстрантите и започна да апси.

Македонија се придружува на санкциите на ЕУ кон Белорусија


Демонстрантите извикуваа „Да живее Белорусија“ и вееа црвено-бели знамиња на опозицијата. Голем број полицајци се распоредени на улиците во Минск, со оклопни возила и водени топови. Белорусите на социјалните мрежи пишуваат дека повторно имало судири меѓу граѓаните и полицијата во дворовите на зградите. Лидерот на опозицијата Свјатлана Циханускаја, која се засолни во Литванија веднаш по изборите за да избегне апсење, го поздрави вчерашниот протест како нов чекор кон „слободна и праведна Белорусија“.

Илјадници луѓе се збогуваа со убиениот белоруски антивладин активист

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога започнаа масовни антивладини протести низ целата земја, иницирани од официјалните резултати на гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле украдени. И покрај напорите на властите да ги задушат демонстрациите со апсење и потиснување на демонстрантите и активистите, масовните протести не стивнуваат дури и по три и пол месеци. Од почетокот на демонстрациите во август, најмалку четири лица починаа или во знак на протест или по апсењето. Повеќе од 19.000 демонстранти беа уапсени, од кои илјадници беа претепани. 66 годишниот Лукашенко кој управува со Белорусија со цврста рака од јули 1994 година, со репресија на опозицијата и независните медиуми, ги обвинува западните земји за поттикнување протести.

Денешна седница на Главниот штаб за управување со кризи

Тестирање за Ковид-19

Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК денеска претпладне ќе одржи седница на која ќе биде разгледан планот на Министерството за здравство, кои објекти треба да се обезбедуваат. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.

Нови 1112 случаи на ковид, 24 починати во изминатото деноноќие

„Армијата само ќе и асистира на полицијата и не смее самостојно да презема дејствија без полициски службеник со полциски овластувања. Армијата служи за обезбедување на стратешките објекти, на здравствените објекти и магацините од делот на здравството кои имаат лекови, опрема и други медицински материјал, ќе му биде поддршка на здравството да може да функционира безбедно. Сакаме да превенираме сите да се чувствуваат безбедно, и пациентите и докторите и медицинскиот персонал, воопшто сите граѓани, објасни в.д. директорот на ЦУК.

Постигнат договор меѓу приватните болници и Министерството за здравство


Синоќа Главниот штаб за управување со кризи ја одржа втората седница од прогласувањето на кризната состојба во земјава на која беа разгледани расположивите човечки и материјално-технички ресурси, како и Планот за координирано дејствување.

Времето денеска: сончево со локална облачност

Утрото ќе биде студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Дневната температура ќе биде од 8 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 10 степени.

Нови 1112 случаи на ковид, 24 починати во изминатото деноноќие

илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19. Најмногу од нив се во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.

Постигнат договор меѓу приватните болници и министерството за здравство

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти. Починати се 24 лица. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Постигнат договор меѓу приватните болници и Министерството за здравство

Венко Филипче

Сопствениците на трите приватните болници во Скопје вечерва постигнале договор со министерот Венко Филипче, болницата Мала Богородица да се користи како нов ковид центар во кој ќе може да се сместат 100 пациенти. Овој беше втор состанок во Министерството за здравство, на кој одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

„Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19“, изјави по средбата министерот Филипче.

Трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните кои ќе се лекуваат таму, појасни министерот. Тој додаде дека за неколку дена целосно ќе се опреми таа болница, ќе се инсталира кислород,, а сите ќе помогнат со ресурси и со капацитетите кои ги имаат. Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници.

Нови 35 хоспитализирани поради компликации од коронавирусот

Претставниците на приватните болници потврдија дека целосно се ставаат на располагање на државата односно на Министерството за здравство и ќе излезат во пресрет со кадар и со ресурси.

Почина актерот Мустафа Надаревиќ

Мустафа Надаревиќ

Еден од најважните босански и регионални актери, Мустафа Надаревиќ, почина во Загреб на 77-годишна возраст, по долга борба со тешко боледување, потврди директорот на Сараевскиот камерен театар 55, Емир Хаџихафизбеговиќ, за Радио Слободна Европа (РСЕ). Веста за смртта на актерот ја пренесoa Јавниот сервис на Босна и Херцеговина и Хрватската радио телевизија.

"Денес во 12 часот еден голем човек и актер се пресели во подобар свет. Мојот пример и мојот брат. Моето глумечко алтер его, Мустафа Надаревиќ", напиша Хаџихафизбеговиќ на својот Фејсбук профил.

Надаревиќ е роден во 1943 година во Бања Лука. Првите актерски чекори ги направи во театарската група „Виктор Цар Емин“. Завршил Академија за драмски уметности во Загреб, а театарската кариера ја започнал во Младинскиот театар во Загреб. Тој е добитник на бројни награди за режија, глума и работа во театар.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG