Достапни линкови

Северна Македонија и Србија потпишаа договор за заедничка контрола на ГП Табановце-Прешево


Оливер Спасовски и српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во Белград.

Денеска беше потшишан Договор меѓу владите на Северна Македонија и Србија за заедничка контрола на меѓународен патен сообраќај на граничниот премин Табановце-Прешево, со што патниците од 1 август ќе имаат олеснет и побрз проток од едната во другата држава, со само едно запирање и една заедничка контрола.

Договорот во Белград го потпишаа македонскиот министер за внатрешни работи и српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Спасовски изјави дека „One stop control“ е новост и оти има историско значење и голема важност за државата бидејќи за прв пат се потпишува ваков договор со соседите. Тој додаде дека договорот ќе овозможи побрз проток на луѓе и на стоки и подобар животен стандард во двете држави.

Стефановиќ изјави дека со договорот на поинаков начин ќе се регулира граничниот премин Прешево-Табановце и со тоа ќе им се помогне на економиите и стопанството на свете земји.

Договорот ќе стапи на сила на 1 август по спроведувањето на потребните процедури: потпишувањето на протоколите меѓу царините на двете држави и двете министерства за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG