Достапни линкови

ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ бараат деблокирање на медиумските реформи


Македонски медиуми, микрофони поставени на прес конференција. Архивска фотографија.

Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми денеска ги повикаа претседателот и членовите на собраниската Комисија за избори и именување да го почнат процесот за избор на членови на Советот на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија. Во заедничко соопштение истакнуваат дека секое попречување или одолговлекување на процесот сериозно ќе влијае врз спроведувањето на процесот на медиумски реформи во државата.

„Укажуваме дека Владата, Парламентот, но и сите политички чинители имаат одговорност сериозно да пристапат кон овој процес и да се стават над партиските интереси за да се спречат понатамошни штети во медиумскиот сектор“, стои во соопштението.

Од изборот на членовите во овие тела, посочуваат, директно зависат долгоочекуваните системски промени во медиумската сфера, што треба да овозможат медиумите да работат независно и професионално.

XS
SM
MD
LG