Достапни линкови

Српски пратеник го нарече геноцидот во Сребреница „ослободување“


Меморијалниот центар Поточари

Српскиот пратеник Владимир Дукановиќ го нарече геноцидот во Сребреница во 1995 година „ослободување“.

„Сакам да му се заблагодарам на српскиот народ на денот на ослободувањето на Сребреница. Благодарност догенералот Ратко Младиќ за брилијантно изведената воена операција“, напиша Дукановиќ на Твитер.

Илјадници луѓе вчера присуствуваа на одбележувањето на 24 годишнината од геноцидот во Сребреница во Меморијалниот центар Поточари. Погребани беа и посмртните останки на 33 нови идентификувани жртви, кои се пронајдени во масовни гробници во близина на Сребреница.

XS
SM
MD
LG