Достапни линкови

Турција го ратификуваше протоколот на членство во НАТО


Народното собрание на Турција вечерва го ратификуваше протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска. на својот Фејсбук профил упати благодарност до Турција за ратификацијата на протоколот.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!, објави вечерва на својот Фејсбук профил Шекеринска.

Ратификацијата на Протоколот ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин.

Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата.

XS
SM
MD
LG