Достапни линкови

Димитров учествува на неформален министерски состанок на ОБСЕ во Словачка


Mинистрите за надворешни работи на државите членки на ОБСЕ во Словачка

Во Високите Татри вчера и денеска во организација на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ОБСЕ, на кој учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Целта на Конференцијата е да се поттикне дискусијата за зајакнување на улогата на Организацијата како главен превентивен механизам во регионот на ОБСЕ и да се мобилизира политичката волја за искористување на постојните инструменти за разрешување на долготрајните и новите предизвици и кризи.

Од МНР соопштија дека на средбата со генералниот секретар на ОБСЕ Гремингер се разговарало за тековните предизвици со кои се соочува организацијата, како и за потребата од прилагодување на нејзиното делување во изменетиот безбедносен контекст. Министерот Димитров истакнал дека ОБСЕ е релевантен партнер во реформските заложби на Владата.

Димитров остварил средба и со неговиот шпански колега министерот Жозеп Борел, кој е номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Министерот Борел, наведуваат во соопштението од МНР, дал поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. На средбата со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на Стејт Департмент Филип Рикер, биле разгледани состојбите во регионот, вклучително и одличните билатерални односи. Во тој контекст се разговарало за ратификацијата на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и актуелните реформски процеси што ги реализира владата на Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG