Достапни линкови

Заев: Жртва сум на измама на добро организирана структура


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за објавените аудио снимки на Јутјуб на која тој разговара со руски „пранкери“ кои се претставуваат како украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека причината поради која тој е избран е да се направи штета на евроатланската интеграција на земјата.

„Јас сум жртва на измама на добро организирана структура, која извлекува придобивки од нови тактики, облици и алатки за медиумска дискредитација, најчесто на личности и земји со евроатлантски аспирации. Ова е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот на нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијанија во интерес на трети страни“, рече премиерот Заев.

Заев порача дека нема да поднесе оставка и нема да бара одговорност од неговиот тим бидејќи не е направена никаква штета и тоа се случувало и во поорганизирани земји. Тој притоа ги наброја сите лидери и функционери низ светот кои биле цел на такви разговори и порача дека тоа покажува оти е во добро друштво. Според него, се разговарало за теми кои биле актуелни и тој изразил ставови кои биле познати во јавноста, освен, како што наведе, има сериозни интервенции во делот за МЦП. Заев најави и сеопфатна борба против лажни вести и манипулации.

„Прифаќам дека сум жртва на мојата отвореност и достапност за сите. Јас см постојано отворен за нашите стратешки партнери и граѓаните. Овој случај потврдува дека треба да се преиспита протоколот за безбедност. Многу бргу владата ќе излезе со итен план за одлучна акција против оваа акција за ширење на дезинформации“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG