Достапни линкови

Пендаровски-Ердоган: Турското собрание наскоро ќе го ратификува Протоколот за НАТО


Претседателот Стево Пендаровски заедно со останатите лидери учесници на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево денеска се сретна со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

На средбата, како што соопштија од неговиот кабинет, е изразено задоволство од силното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски план. Двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во двете држави и во регионот.

Во контекст на аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, Пендаровски изразил очекување дека турското Собрание наскоро ќе го ратификува пристапниот протокол за членство во Алијансата, откако беше одобрен од Парламентарната комисија за надворешни работи.

Ердоган посочил дека нашата земја ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО, со тоа што пристапниот Протокол за членство во Алијансата ќе биде наскоро ратификуван. Пендаровски упатил покана за официјална посета, која била прифатена од Ердоган.

XS
SM
MD
LG