Достапни линкови

Бабачан ја напушти партијата на Ердоган, најверојатно ќе формира своја


Али Бабачан на Самитот Г20 во Вашингтон на 17 април 2015

Поранешниот заменик на турскиот премиер и еден од клучните луѓе во владејачката Партија за правда и развој на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Али Бабачан ја напушти партијата. Со тој потег ја најави својата намера да формира ривалска политичка партија.

Бабачан, кој беше и министер за економија и за надворешни работи, изјави дека ја напушта партијата поради длабоки несогласувања околу „принципите, вредностите и идеите“.

Како што пренесуваат светските агенции, тој планира да формира партија заедно со поранешниот претседател Абдула Ѓул и со други кои не се задоволни од владеењето на Ердоган.

„Потребата да се покренат нови напори за сегашноста и иднината на Турција стана неизбежна“, порача Бабачан.

XS
SM
MD
LG