Достапни линкови

Макрон доаѓа во посета на Србија наредната недела


Архивска фотографија: Претседателите на Србија и на Франција, Александар Вучиќ и Емануел Макрон на заедничка прес-конференција во Елисејската палата во Париз на 17 јули 2018

Претседателот на Франција Емануел Макрон ќе ја посети Србија на 15 и 16 јули. Домаќин ќе му биде неговиот српски колега Александар Вучиќ, соопштија денеска од Кабинетот на српскиот претседател.

Програмата на посетата сè уште не е соопштена.

Вучиќ утринава за РТС изјави дека Макрон ќе престојува во Србија два дена и дека нема да продолжи со други посети во регионот, што, како што рече, „зборува за големото внимание“ кое ѝ го посветува на Србија. Тој рече дека со францускиот претседател ќе разговара за „економски и политички теми, за европскиот пат на Србија и секако за Косово“.

Францускиот претседател се противи на проширување на ЕУ пред да се спроведат внатрешни реформи во европските институции.

Посетата на Макрон на Србија беше најавена за декември 2018 година, но беше одложена поради протестите на Жолтите елеци.

XS
SM
MD
LG