Достапни линкови

Јанкулоска го праша сведокот од УБК зошто не ѝ кажал дека е прислушувана


Горднана Јанкулоска на суд за предметот Таргет-Тврдина. Архивска фотографија.

На денешното судење за „Таргет-Тврдина“ повеќе од три часа сведок, вработен во УБК, одговараше на прашања. Сведокот Сашо Трајковски на прашање од обвинетата Гордана Јанкулоска, зошто кога веќе знаел дека била еден од таргетите за следење не ја известил, бидејќи како министерка за внатрешни работи немала начин да знае дека била следена, тој рече дека дознал оти таа е таргет преку содржина од СМС порака.

„Не знаев како да дојдам до Вас и да ви кажам. Не знаев како да дојдам и да Ви кажам, еј министеркe Ви ги слушаат разговорите“, рече сведокот.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

XS
SM
MD
LG