Достапни линкови

Поднесено обвинение против Панчевски за злоупотреба на АКМИС системот


Владимир Панчевски

Скопското Јавно обвинителство денеска поднесе обвинение против поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевскизазлоупотреба на АКМИС системот. Според обвинението, Панчевски во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што пристигнувале во судот на одлучување.

„Во текот на временскиот период кој е детално истражен од страна на надлежниот обвинител, беше констатирано дека со давање на писмен „параф“, обвинетиот наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на две обвиненија поднесени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

XS
SM
MD
LG