Достапни линкови

Мијалков на судењето за „Таргет-Тврдина“ се жали дека не му е дозволено да се брани


Сашо Мијалков на рочиште за „Таргет-Тврдина“. Архивска фотографија.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ истакна дека одговорите на сведокот Сашо Трајковски кој вкрстено го испрашуваше не се усогласуваат со неговите претходни искази. Судот реагираше на начинот на кој Мијалков го испрашува Трајковски, вработен во УБК. На што Мијалков нервозно реагираше.

„Ова што се случува во судницата не е фер. Кажете да не се браниме. Донесете пресуда и готово“, рече Мијалков.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

XS
SM
MD
LG