Достапни линкови

Американскиот конгресмен Елиот Енгел во работна посета на Скопје


Средба на премиерот Заев со американскиот конгресмен и претседател на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Елиот Енгел:

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел, во рамки на работната посета на Република Северна Македонија која е дел од неговата турнеја по земјите од регионот, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп со барање да го поддржи членството на Северна Македонија во НАТО. Во писмото адресирано до државниот секретар Мајк Помпео, двајцата конгресмени нагласуваат дека членството на нашата држава во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилност и мирот на Балканот.

Конгресменот од САД вчера попладне имаше средба и со премиерот Зоран Заев на која било оценето дека Република Северна Македонија се движи по вистинската патека и дека е добар пример во регионот како се решаваат билатерални прашања – низ храбри политики на искрен дијалог.

XS
SM
MD
LG