Достапни линкови

Могерини во посета на Централна Азија


Шефицата за надворешната политика на Европската унија, Федерика Могерини

Шефицата за надворешната политика на Европската унија, Федерика Могерини од денеска е во посета на Централна Азија. Нејзината посета доаѓа во време кога сè посилни се повиците зазаштита на човековите права во регионот.

Могерини денеска во Туркменистан ќе се сретне со тамошните власти и ќе присуствува на церемонијата за отворање канцеларија на делегација на ЕУ, стои на официјалната веб-страница на Европската унија.

Потоа Могерини ќе отпатува за главниот град на Киргистан, Бишкек, каде што ќе се состане со пет регионални лидери, а утре ќе одржи говор на Форумот на ЕУ и Централна Азија..

Пред да отпатува во Централна Азија, адвокатите за човекови права ја повикаа да се фокусира на промовирање на човековите права во регионот кој е под критики за замолчување на критичарите.

XS
SM
MD
LG