Достапни линкови

Земјотрес во Јужна Калифорнија, најсилен во последните 20 години


Локален пат во Риџест оштетен од земјотресот

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Јужна Калифорнија, објавија сеизмолозите. Пред два дена во истиот регион имаше исто така силен земјотрес. Земјотресот со јачина од 7,1 степен е најсилниот земјотрес во последните 20 години во Јужна Калифорнија. Засега нема непосредни извештаи за повредени.

Институтот за геолошкото истражување на САД соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Риџерст, кој се наоѓа на 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

Пред два дена во истиот регион имашеземјотресот со јачина од 6,4 степени. Сеизмолозите велат дека по потресот на 4 јули имало 1700 помали земјотреси. Земјотресот на 4 јули предизвикал оштетување на згради, патишта а имало и помали повреди кај луѓето во Риџерст, во кој живеат 30 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG