Достапни линкови

Меркел: Со оптимизам гледам кон есенва


Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека е оптимист за есенва во однос на можноста за пристапни преговори за Македонија, јавува новинската агенција Ројтерс. Таа на прес конференцијата во Познањ по самитот за Западен Балкан истакна дека го дели гледиштето на францускиот претседател Емануел Макрон дека работните механизми на ЕУ мора да се подобрат.

„Но, не го гледам тоа како напуштање на преговорите за пристапување“ вели Меркел.

Полска и Германија повикаа на континуиран напредок во преговорите за членство на земјите од Западен Балкан со надеж дека ќе пристапат кон Унијата, отфрлајќи ја француската позиција дека е потребно да сопре проширувањето додека ЕУ не ги реши внатрешните прашања, јавува Ројтерс.

Премиерот Зоран Заев изјави дека државата е подготвена да ги преземе неопходните чекори за да ги убеди скептичните членки на Унијата за вредноста на проширувањето.

XS
SM
MD
LG