Достапни линкови

Заев го покани Борисов во август да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев


Зоран Заев и Бојко Борисов

Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедските односи во регионот, изјави претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов на денешната средба со премиерот Зоран Заев, одржана на маргините од Самитот на земјите од Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес. Тој истакна дека државите од Западен Балкан треба да вложат максимални напори за развој на односите со своите соседи од ЕУ.

Премиерот Зоран Заев изјави дека без лидерството на Борисов не би бил можен Договорот за добрососедство. Тој го покани Борисов заедно да ја одбележат втората годишнина од неговото потпишување на 1 август и заедно да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев.

XS
SM
MD
LG