Достапни линкови

УНЕСКО со рок до февруари за исполнување на препораките за Охридскиот регион


Охрид

Комитетот за светско наследство на 43-тата седница донел одлука природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

„Согласно одлуката, Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 треба да достави извештај за напредокот во остварувањето на останатите препораки на УНЕСКО, врз основа на кој се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020, соопшти Владата за заклучокот од сесијата на Комитетот во Баку, каде што учествува македонска делегација предводена од министерот за дијаспора Едмонд Адеми.

Комитетот, исто така, донел одлука да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија.

XS
SM
MD
LG