Достапни линкови

Заев на средба со Филип за поддршка за евроинтеграциите


Македонскиот премиер Зоран Заев и неговата делегација на средба со францускиот премиер Едуар Филип

Македонскиот премиер Зоран Заев, на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ се сретна со неговиот француски колега Едуар Филип. Заев на средбата, како што соопшти владината прес-служба, порачал дека земјата ги исполнила сите реформски и политички очекувања, вклучувајќи ги и уставните промени за името и дека за испорачаното земјата очекува и исполнување на ветувањето на Европскиот Совет за почеток на преговорите во октомври.

„Таквата одлука ќе биде јасна порака и за другите во регионот дека вреди да се вложува во реформите и во унапредувањето на билатералните односи во регионот, како и во регионалната соработка. Ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, нагласил Заев.

Францускиот премиер го истакнал заедничкиот интерес што го делат двете земји да работат на продлабочување на билатералните односи и на економската соработка. Тој изразил поддршка за напорите за продолжување на зацртаните реформи за владеење на правото и упатил честитки за Договорот од Преспа и за придобивките од добрососедските односи.

XS
SM
MD
LG