Достапни линкови

Борисов: Европската перспектива на Западен Балкан нема алтернатива


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Самитот на земјите од регионот во полскиот град Познањ порача дека европската перспектива на Западен Балкан нема алтернатива. Според него, таа е гаранција за безбедностa, стабилностa, економскиот и социјалниот развој на регионот.

„За нас е важно Западниот Балкан никогаш повеќе да не се врати во состојба на конфликти, непријателства и национализам како што беше во деведесеттите години од 20-иот век“, посочи Борисов.

Борисов нагласи дека проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан останува еден од клучните надворешно-политички приоритети на Бугарија. Тој порача и дека државите од регионот треба да вложат максимални напори за развој на добрососедските односи, а како добар пример за тоа го посочи Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG