Достапни линкови

Дуда: Новите власти на ЕУ да не го спречуваат проширувањето


Полскиот претседател Анджеј Дуда

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска оцени дека изостанувањето на европски интеграции сигурно ќе го забави развојот и ќе предизвика нова дестабилизација на Балканот. Тој порача и дека Варшава ја поддржува политиката на проширување.

„Новите членки не носеа нови кризи, напротив носеа нови енергии, решенија, перспективи. Верувам дека тоа и сега е случај. Новите власти на ЕУ не треба да го спречуваат проширувањето. ЕУ треба да се отвори кон новите држави. Треба да се обврземе дека ЕУ е подготвена да прими нови членки“, посочи Дуда на отворањето на состанокот на шефови на влади на Западен Балкан во Познањ.

Според него, иднината на Балканот зависи од економските и безбедносните реформи, како и реформи во областа на владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG