Достапни линкови

Дескоска: Не сме разговарале кој ќе биде шеф на СЈО


Министерката Рената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека досега не се разговарало за тоа кој ќе биде нов специјален јавен обвинител, бидејќи за тоа решава Советот на јавните обвинители.

„Не сме оптоварени дали ќе биде Катица, дали ќе биде Фатиме, дали ќе биде Ленче или ќе биде некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавните обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира, и кого ќе изберат“, вели Дескоска во интервју за „Фактор“.

Таа додава и дека се уште го очекува предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за законот за СЈО, но посочува дека нема да прифати скриена амнестија. Според неа, законот треба да се донесе со широк консензус.

„Пожелно е и сега да се изгласа со широка поддршка од опозицијата и од тие причини тргнавме во дијалог. Дел од амандманите прифативме, но има еден дел од амандманите кои не можеме да ги прифатиме, а тие претежно се однесуваат на статусот и работењето на СЈО“, истакнува Дескоска.

XS
SM
MD
LG