Достапни линкови

Камчев од медиуми знаел за апсењето на Бошковски, не ги признава разговорите


Јордан Орце Камчев, бизнисмен

На денешното рочиште за случајот „Тортура”, кој се однесува на начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година беа сослушани сведоците Јордан Камчев и Оливера Трајковска. Камчев на прашање од обвинителот Љубомир Лапе од СЈО , дали знае зошто е повикан денеска, рече дека не знае.

„Од медиуми ми е познато што и вас ви е познато, дека МВР спровело акција за некој што земал мито. За случајот како и сите тука имам разговарано со многу луѓе по телефон“, изјави Камчев.

За тоа дали во обвинителство му бил предочен разговор со Оливера Трајковска, Камчев посочи дека и тогаш и сега кажува дека тие разговори не ги признава како автентични.

Трајковска кој беше претходно сослушана потврдила во обвинителството дека снимката од нејзиниот разговор со Камчев е автентична и дека тој и кажува оти за околу еден час ќе се случи нешто интересно.

Третиот сведок, повикан за денешното рочиште Иво Котевски, не беше присутен, поради неможност на органите за прогон за негово лоцирање на адресата на живеење. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и уште петмина припадници на единицата.

XS
SM
MD
LG