Достапни линкови

Влада: Исполнети услови за одбивање на барањето за експлоатација на „Иловица“


Локалитетот „Иловица“

Министерството за економија денеска на седница ја информирало Владата дека се исполнети законски услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина бакар и злато на локалитетот „Иловица“ во општина Босилово на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје, информира владината прес-служба.

Во соопштението е наведено дека во информацијата којашто денеска пред Владата ја презентирало Министерството за економија, било утврдено дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

„По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата на Република Северна Македонија ќе може да донесе конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје“, се вели во соопштението на Владата.

XS
SM
MD
LG