Достапни линкови

Заев: Рашковски ги исполнува своите обврски и се извини


Драги Рашковски

Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека нема да бара оставка од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски по објавата на аудио снимка за случувањата во М-НАВ. Според него, најпрво треба да се согледаат последиците од случајот, па потоа да се донесе одлука. Заев порача дека Рашковски ги исполнува сите свои работни обврски, а и јавно се извинил.

„Случајот со „Леонардо“ го затекнавме кога дојдовме како Влада. Се работи за тендер што е завршен во 2016 година, но постапката до крај не е завршена. Тоа беше јавно, детално објаснето. Тужба како Влада, нема да поднесеме, но секој како физичко лице тоа може да го стори за да го заштити својот дигнитет и достоинство. Кога прифаќаме одредени функции свесни сме дека треба да бидеме под лупа на јавноста, но тоа не значи да бидеме и боксерски вреќи, некој да не прави салата“, подвелече Заев по пуштањето на контролниот центар за патарини во Петровец.

Тој додаде дека во аудио снимката не се зборува за никакви провизии и награди, туку таквата формулација се користи за одобрување на проектот. Заев најави и дека лично ќе испрати писмо со извинување од Владата до „Леонардо“ и ќе и се извинат и на ромската заедница во земјава. Истрагата, како што наведе, ќе покаже дали случајот е монтиран.

XS
SM
MD
LG