Достапни линкови

Захариева се надева дека преговорите меѓу ЕУ и Скопје ќе почнат наесен


Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева

Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева, за време на јавна расправа по повод почетокот на финското претседателство со Советот на ЕУ, изрази надеж дека октомври нема да биде следниот месец во кој ќе се одложи поканата за членство на Северна Македонија и Албанија. Захариева изрази задоволство што програмата на финското претседателство ја вклучува и темата за проширувањето. Таа истакна дека поканата кон Република Северна Македонија и Албанија нема да биде лесен компромис, но изрази надеж дека овој пат ветувањето за октомври ќе биде исполнето. Таа изрази и жалење што разликите кои ги имаат земјите во Европската Унија стануваат се повидливи за останатите држави во светот.

XS
SM
MD
LG