Достапни линкови

АВМУ: Заканите за тужби се загрозување на слободата на информирање


Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по најавата на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски дека ќе покрене тужби против новинари и медиуми реагира дека ваквите постапки претставуваат директен притисок врз работата на медиумите. ОД АВМУ додаваат дека јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите.

„Секој, вклучително и носител на јавна функција кој смета дека медиум му наштетил на угледот, честа или интересите така што објавил нешто неточно, погрешно или лажно за него или објавил нецелосна информација има право од медиумот да побара да објави исправка или одговор на објавената информација. Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции“, се наведува во соопштението.

Заканите за тужби, како што соопштуваат, претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите.

XS
SM
MD
LG