Достапни линкови

Рашковски нема да поднесе оставка


Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата. Тој посочи дека аудио записот на кој, според ВМРО-ДПМНЕ, се докажувало местење на тендер за набавка на радарски систем финансиран од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР) е даден на вештачење. Рашковски кој го објаснуваше целиот процес на тендерот не сакаше да ја коментира аудио снимката, туку само порача дека треба да се почека на разврската од надлежните институции.

„Во презентацијата имате објаснето дека Живко Поповски, татко на Никола Поповски ја потпишува одлуката за избор на фирмата Леонардо. Одлуката за избор на Леонардо е потпишана од претходниот менаџмент, татко на поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Рашковски на денешната прес-конференција.

Според него, несериозно е да се објават само 15-тина минути од разговор што траел околу еден час. Тој најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир“, „Инфомакс“ и „Лидер“.

XS
SM
MD
LG