Достапни линкови

Судири на полицијата и демонстрантите во Хонг Конг


Судири на полицијата и демонстрантите во Хонг Конг

Стотици демонстранти насилно влегоа во законодавниот дом на Хонг Конг на годишнината од враќањето на поранешната британска колонија на Кина.

На телевизиските снимки се гледаат демонстранти, од кои многумина носат гасни маски, како влегуваат во Законодавниот совет, уништувајќи слики и испишувајќи графити по ѕидовите.

Ова се случува во услови на тензии во Хонг Конг поради предложениот закон со кој ќе им се дозволи на притворените лица да бидат екстрадирани во Кина.

Претходно денеска полицијата се судри со демонстрантите кои ја блокираа улицата во близина на церемонијата за одбележување на годишнината. Владата го суспендираше предложеното законско решение на неодредено време, но протестите поради нацрт-законот за екстрадиција, продолжуваат.

Про-демократските проте се одржуваат секоја година за да се одбележи предавањето од британското во кинеското владеење.

XS
SM
MD
LG