Достапни линкови

Обвинети 6 лица за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“


Автобус на Дурмо турс ко излета на патот Скопје - Тетово

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против шест лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобија со тешки телесни и телесни повреди.

„Во временскиот период од 02.07.2018 година до 13.02.2019 година, обвинетиот сопственик на фирмата превозник и обвинетото одговорно лице за возниот парк на превозникот, не се придржувале кон прописите за безбедност на автобускиот сообраќај за масовен јавен превоз. Иако биле свесни дека може да настапи штетна последица, предизвикале опасност за животот и телото на луѓето кои се превезувале во автобусот на критичниот ден на релација Скопје-Гостивар“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинети се и три други лица вработени во станицата за технички преглед кои навеле дека возилото е технички исправно и покрај тоа што биле запознаени со фактот дека уредот за сопирање не функционирал соодветно.

Возачот на автобусот пак е обвинет дека возел со недозволена брзина од 99 километри на час, а притоа брзината не се регистрирала правилно на тахографот. Покренато е обвинение и за вработен во фирмата кој издал потвда дека е испаравен тахографот.

XS
SM
MD
LG