Достапни линкови

Украинскиот претседател Зеленски во посета на Канада


Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски од денеска е во посета на Торонто каде ќе се сретне со претставници на канадските власти и ќе учествува во меѓународна конференција за собирање на поддршка за украинскиот реформски процес и нејзиниот пат кон евроатланска интеграција.

На маргините на конференцијата Зеленски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сретне со канадскиот премиер Џастин Трудо, министерката за надворешни работи Кристија Фриланд и членови на парламентот и бизнисмени.

Кабинетот на канадскиот премиер соопшти дека Зеленски и Трудо ќе разговараат за реформските напори на Украина, безбедносната ситуација во регионот и како двете земји да ги продлабочат односите.

XS
SM
MD
LG