Достапни линкови

Ново вештачење на 31 телефон и аудио снимки за „Монструм“


Едно од рочиштата е за предметот „Монструм“

Ново вештачење на 31 телефон ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Судијата Огнен Ставрев појасни дека телефоните биле одземени при претрес направен за време на првичната истрага. Според него, сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО го информираше судот дека ќе предложи како нови докази, аудио снимки и транскрипти од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ. Судењето за „Монструм“ продолжува на 22 август.

XS
SM
MD
LG