Достапни линкови

Белингкат: руски разузнавач раководел со труењето на Скрипал


Денис Сергеев

Истражувачката организација Белигкат соопшти дека има докази кои покажуваат оти висок офицер на Руската воена разузнавачка служба од хотел во Лондон го координирал нападот со нервен гас врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во март 2018 година. Станува збор за Денис Сергеев, кој во тоа време бил активен офицер на ГРУ. Бристанските власти го обвинија Кремљ за нападот што беше извршен во англискиот град Салбери кога со новичок беа отруени Скрипал и неговата ќерка Јулија. Тие по неколкунеделно боледување излегоа од болница. Москва ги отфрла ваквите обвинувања дека има нешто со нападот.

XS
SM
MD
LG