Достапни линкови

Заев: Се води истрага за наводите за изнудување пари


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратеничко прашање за наводни изнудувања на пари од бизнисмен и поранешен градоначалник на скопска општина од страна на извесен сопственик на телевизија со псевдоним Коки рече дека институциите водат истрага за случајот. Според него, истрагата ќе ги покаже резултатите и не сака никого да обвинува.

„Дај боже да има докази за оваа работа да се расветли. Стојам на располагање ако можам да помогнам, да упатам институции без разлика дали е сегашен или поранешен градоначалник, бизнисмен, стопанствениик. Тоа е уште поголема причина да дадам прилог во борбата против корупција, рекетарство, криминал или какво било незаконско работење“, рече Заев на собраниска седница на прашањето од пратеникот Антонио Милошоски.

На прашањето дали Заев знае кој се крие под псевдонимот Кики за кого се зборува дека е висок партиски функционер на СДСМ, тој посочи дека нема намера да амнестира луѓе однапред за каква било работа. Заев додаде и дека се слушнал со градоначалничката од која се барало да обезбеди бесплатна локација и одобрение за градба и неплаќање на комуналии во износ од еден милион евра за возрат на медиумски услуги, Според него,обидот бил потврден, но не дошло до реализација на такво дело.

„Законот треба да важи еднакво за сите, а ако има аргументација и докази секој треба да си одговара. Без разлика дали е тоа член на високо раководство на СДСМ; дали е член на семејството на Заев, дали е сопстевник на медиум, дали е носител на власт“, рече тој.

XS
SM
MD
LG