Достапни линкови

Меѓаши: За 2,5 години само 53 пратенички прашања поврзани со децата


Драги Змијанац

Во Собранието во изминатите три и пол години, почнувајќи од 2016 година заклучно со јуни 2019 година вкупно биле поставени 582 пратенички прашања, од кои директно или индиректно поврзани со децата и правата на децата биле поставени само 53 прашања, односно 10 отсто. Ова е силен индикатор колку всушност на македонските пратеници децата им се приоритет и фокус за парламентарна расправа во парламентарните групи и законодавниот дом, рече Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши на денешната прес-конференција.

Тој, претставувајќи го Извештајот за застапеноста на детските права во работата на Собранието за периодот од 1 јануари до 23 јуни 2019 година, рече дека од овие 53 директно или индиректно поставени прашања, фокусот на пратениците главно им бил правата на децата, здрава животна средина и чист воздух, правата на детето за здравствена заштита и правата на децата за социјална и детска заштита. Дури недостига и поголем фокус околу правото на образование.

XS
SM
MD
LG