Достапни линкови

Тимоние: Реформирајте ја администрацијата од партизација и корупција


Суштински и квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”.

Тој додаде дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ.

„И покрај добрата оцена за земјата во извештајот на ЕК, Република Северна Македонија треба активно да работи на суштински реформи и да се справи што поскоро со корупцијата која е особено видлива во администрацијата“, нагласи францускиот амбасадор во Скопје.

XS
SM
MD
LG