Достапни линкови

Кукан: Еве каде е октомври


Политички дијалог Жан Моне во Собрание

Успешно помина и вториот ден од дијалогот Жан Моне меѓу париите и за одредени прашања како што е Деловникот се постигнати договори додека за останати ќе продолжат да дискутираат, соопшти тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие на прес конференцијата во Собранието посочија дека македонскиот парламент е единствениот функционален во Западен Балкан и дека октомври земјава ќе добие датум за преговори. Тема на разговор биле собранискиот деловник, финансиската независност на Собранието, прашањето со собраниските служби и собраниското обезбедување.

Иво Вајгл рече дека е презадоволен од она што било постигнато меѓу партиите и дека очекува Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија во септември или октомври.

„Септември – октомври се близу. Само едно лето стои меѓу сега и датумот кој ќе го добиете за почеток на преговорите“, рече Вајгл.

Едуард Кукан, пак, потсети дека времето лета со изјават “еве го кај е октомври”.

Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа минатата година во Охрид. Како и лани, и сега оваа сесија беше предвидено да заврши со заедничка вечера на европратениците, собранискиот спикер Талат Џафери, но и лидерите на политичките партии меѓу кои Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Села, Африм Гаши и Билал Касами.

XS
SM
MD
LG