Достапни линкови

Вучиќ добил уверување дека Русија ја поддржува Србија


Минск- српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со белорускиот колега Александар Лукашенко

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека премиерот на Русија Дмитриј Медведев му пренел дека неговата земја и во иднина ќе има “многу значајна улога во заштита на територијалниот интегритет и целовитоста на Србија”.

"Разговаравме за Косово. Медведев рече дека Русија ја поддржува Србија, дека ќе биде со нас и дека смета оти меѓународниот поредок не може да се урива на начин како што се правело досега”, им рече Вучиќ на новинарите во Минск.

Тој додаде дека на рускиот колега му пренел оти Србија не е во лесна позиција, дека е под притисоци од многумина да го признае Косово, а за возврат да не добиела ништо.

XS
SM
MD
LG