Достапни линкови

Трамп потврди дека наредил, па запрел воени напади врз Иран


Архивска фотографија- американскиот претседател Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска преку серија написи на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер потврди дека вчера одобрил, па ги запрел американските напади врз Иран. Тој во своите твитови напиша дека нападите ги спречил десет минути пред нивниот почеток.

"Во понеделникот тие урнаа дрон кој леташе над меѓународни води. Бевме напнати и одлучни да вратиме минатата ноќ на три различни места. Кога прашав колку луѓе ќе умрат, одговорот од генералот беше “150 господине”. Десет минути пред да почне нападот го сопрев, непропорционално е тоа за соборувањето на еден дрон во кој немаше човек. Јас не се брзам, нашата војска е обновена, нова и подготвена да тргне, досега најдобра на светот. Санкциите влијаат, а од синоќа има и дополнителни. Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје, ниту против САД, ниту против светот”, напиша Трамп.

САД забранија и американските авиони да летаат преку иранскиот административен воздушен простор преку Персискиот и Оманскиот Залив, откако Иранската револуционерна града урна американски воен беспилотен авион.

​И Иран и САД потврдија дека во четврток било урнато американско шпионско беспилотно летало. Разликата е во тоа што Техеран тврди дека леталото влегло во нивниот воздушен простор да дека тоа било “многу опасна провокација”, додека САД тврдат дека дронот бил во меѓународен воздушен простор.

XS
SM
MD
LG