Достапни линкови

Можна одлука за рудникот Иловица во вторник


Архивска фотографија- Иловица

Ако се биде завршено можно е овој вторник да се донесе одлуката, ако не следниот вторник зависи од правно формалниот аспект на процедурите низ помошните владини тела, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање кога Владата ќе донесе одлука за рудникот Иловица.

Одлуката треба да ја донесе Владата, рече Заев, но не сакаше да ја коментира самата одлука, затоа што, како што рече, ќе ја образложи со сите детали.

“Знаат и граѓаните и концесионерите правно формалните можности не се исполнети”, рече Заев, по денешната презентација во Бирото за метрологија.

XS
SM
MD
LG