Достапни линкови

Османи тврди дека снимката во која се споменува неговото име е лажна вест


Архивска фотографија- Вицепремиерот Бујар Османи

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Осман преку соопштение ги демантира, како што вели, шпекулациите изнесени од страна на Алијансата за Албанците и нејзиниот портпарол, во кои се посочува неговото име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор.

“Прво, сакам да ја информирам јавноста дека, се работи за целосна шпекулација, измислица и лажна вест. Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата”, истакнува Османи.

Вицепремиерот повика во наредните 24 часа, споменатите, целосно да го повлечат поврзување на неговото име и да се извинат за направената штета, во спротивно, нагласува Османи, ќе ги потегнел сите правни мерки кои стојат на располагање порари што нивните тврдења ќе требало да ги поткрепат пред правосудните органи.

Алијансата за Албанците претходно денеска побара обвинителството да преземе мерки против челниците на ДУИ бидејќи објавените аудио снимки како што наведе партискиот портпарол Флакрон Беџетисе индикации и докази дека функционерите на таа партија го прекршиле законот.

Во име на Алијансата за Албанците како партија тој ги повика институциите, Специјалното јавно обвинителство, што поскоро да ги разгледаат аудио разговорите да ја утврдат нивната веродостојност и што е можно поскоро да се отвори истражна постапка за функционери на ДУИ кои го имаат прекршено законот.

“Oд последните прислушкувани разговори се слуша и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку, во кој говорат за прикривање на убиец кој убил невин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вицепремиер за европски интеграци Бујар Османи”, истакна партискиот портпарол Беџети.

Според него нема датум за разговори со ЕУ или интеграција во ЕУ, бидејќи оваа влада која ги амнестирала ДУИ ја држи во залог целата евроатланска перспектива на нејзините граѓани.

XS
SM
MD
LG