Достапни линкови

Случај Алмир: Бобан Илиќ повторно осуден на шест години затвор


Архивска фотографија- Протест за правда за Алмир

Бобан Илиќ обвинет за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ во случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, денеска повторно е осуден на шест години затвор. Ова е втора иста пресуда за него откако Апелациониот суд го врати случајот на повторно судење.

Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но во првиот судски процес на рочиштето за завршните зборови обвинителството направи преквалификација. Во случајот осудени е и таткото, чичкото и братучедот на Алмир.

Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година по расправија во болницата.

XS
SM
MD
LG