Достапни линкови

САД потрошиле 84 милијарди долари на авганистанските сили


Американски војници во покраината Кандахар, Авганистан

Специјалниот инспектор за реконструкција на Авганистан (СИГАР) во извештајот до Конгресот соопштува дека недостатокот на координиран надзор врз трошоците на САД во Авганистан довело до губење на средствата и ја попречило обуката и развојот на авганистанските безбедносни сили. Според извештајот, САД потрошиле речиси 84 милијарди долари на авганистанските сили кои продолжуваат да се соочуваат со тешки загуби, дезертерство и проблеми со организацијата и логистиката.

Од самиот почеток, како што се наведува во извештајот, мисијата за помош на безбедносниот сектор во Авганистан немала траен и сеопфатен план. САД имаат 14 илјади војници во Авганистан од кои најголем дел вршат обуки и ги советуваат авганистанските сили.

XS
SM
MD
LG