Достапни линкови

Повредени 240 луѓе на протестите во Грузија


Судири меѓу полицијата и демонстрантите на протестите во Тбилиси

Грузиските власти соопштија денеска дека 240 луѓе биле хоспитализирани со повреди за време на синоќешните протести, меѓу кои има и 80 полицајци. Според властите, повеќе од 100 лица биле задржани во болница.

Грузиската опозиција денеска најави дека нови протести во Тбилиси на кои ќе повика на предвремени парламентарни избори и оставка на претседателот на законодавниот дом и министерот за внатрешни работи. На синоќешните протести полицијата употреби гумени куршуми и солзавец со цел да ги растера демонстрантите.

XS
SM
MD
LG