Достапни линкови

Протести и контрапротести за рудникот Иловица


Архивска фотографија: Иловица

Полицијата не дозволи ескалација на тензиите меѓу граѓаните кои протестираат против отворање на рудникот Иловица на планината Огражден и оние кои сакаа да работат на археолошките ископувања на локалитетот, кои биле ангажирани со договор на дело. Активистите против рудници сметат дека со археолошките истражувања се отвара можноста за отпочнување на изградбата на рудникот која ќе ја уништи животната средина. Меѓу двете групи граѓани посредуваа и градоначалниците на Босилово и на Ново Село. Веќе четврти ден активистите против рудници не дозволуваат на археолозите од струмичкиот завод и музеј со жители од околните села да пристапат до местата каде треба да се вршат археолошки истражувања за да се утврди дали на тие места каде се планираат коповите има какво било културно наследство.

XS
SM
MD
LG