Достапни линкови

Могерини на средбата со Помпео разговарала и за Западен Балкан


Високaтa претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео

Високaтa претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини на средбата со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео во Вашингтон разговарала за серија меѓународни и регионални прашања, вклучувајќи го и Западен Балкан.

Според соопштението на Стејт Департментот, на средбата станало збор за односите САД и ЕУ, како и за други прашања од заеднички интерес и предизвици со кои се соочуваат САД и Унијата.

Во соопштението се нагласува дека Могерини и Помпео го потврдиле силното стратешко трансатлантско партнерство и дека разговарале за клучните области на билатералната соработка како и за низа важни меѓународни и регионални случувања меѓу кои и Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG