Достапни линкови

Димитров: Ако не добиеме датум во октомври ќе се стави точка на ЕУ перспективата


Министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка Мирослав Лајчак во Скопје на прес конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров

Ако не добиеме датум до октомври, тоа ќе биде точка на нашата ЕУ перспектива, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес конференција со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак кој е во посета на Скопје.

Димитров вели дека нашата земја сторила многу и дома и во поглед на решавање тешки прашања, во последните две години и дека ни претстои огромна шанса.

„Успехот на Северна Македонија ќе биде важен сигнал за целито регион, дека европската врата е отворена, доколку такво нешто не се случи, тогаш тоа ќе биде точка на таа перспектива и мислам дека товарот во следните неколку месеци е на земјите членки“, рече Димитров.

Лајчак вели дека земјава направила многу и дека сега на ред е ЕУ да го стори ветеното. Тој истакна дека немало земја членка што се противи на тоа Северна Македонија да добие датум, но дека имало такви кои се противеле за Албанија. Тој порача земјата да продолжи со реформите.

XS
SM
MD
LG