Достапни линкови

Сијарто - Срамно е што ЕУ не донесе одлука за преговори


Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Срамно е што ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговори со Северна Македонија, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во интервју за МИА дадено за време на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург.

„За жал нема да има одлука за отворање пристапни преговори. Одлуката е да се вратиме на ова прашање на есен. Што е срамно. Требаше да донесеме одлука денеска за старт на преговори веднаш. Сѐ ни беше на располагање, нема причина, нема никаква пречка на патот. Единствената пречка е недостатокот на политичка волја“, вели тој.

Унгарскиот министер вели дека централноевропските земји дале голема поддршка и сите барале веднаш да се донесе одлука, посебно земјите од Вишеградската група, но дека западноевропските земји имале аргументи против.

Тој се надева дека македонската влада ќе продолжи со проевропските и проатлантските политики.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на состанокот во Луксембург не успее да се договорат за датум за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија. На ова прашање ќе се навратат најдоцна во октомври, кога, како што велат, треба да се постигне јасна и суштинска одлука. На состанокот беше поздравен Преспанскиот договор.

XS
SM
MD
LG