Достапни линкови

Груевски му одговара на Заев дека не побегнал во багажник


Поранешниот премиер, Никола Груевски кој избега во Унгарија и таму доби азил, на својот Фејсбук профил реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев за неговото бегство.

Заев во интервју за германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг рече дека Груевски побегнал криејќи се во багажник на автомобил.

Груевски пишува дека на памет не му паднало да влегува во багажник за какви било цели.

„Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело, а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми“, пишува Груевски.

XS
SM
MD
LG